Лејкерс на една победа до финале во Западната конференција (Видео)


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Голден Стејт вориорс загуби кај Лос Анџелес Лејкерс со 101-104, па така екипата на Леброн Џејмс поведе со 3-1 во полуфиналната серија на Западната конференција.

Лони Вокер беше кошаркарот кој блесна на натпреварот, откако во последната четвртина постигна 15 поени за пресврт на Лејкерс.

Вокер стана првиот кошаркар по Коби Брајант во 1997 година, кој постигнал 15 или повеќе поени, а не бил стартер, туку резервист.

Стеф Кари постигна 31 поен, 14 асистенции и 10 скокови, но тоа не беше доволно за „воините“.