„Л’Eкип“: Арсенал го договори Кутињо – познато на кој начин!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фелипе Кутињо веќе подолго време се поврзува со заминување од Барселона, а според последните информации кои во медиумите ги лансираше „Л’Eкип“ негов нов клуб ќе биде Арсенал.

Кутињо во Барселона тешко ќе добие прилика, па во медиумите се најавуваше негово враќање во Англија, но како прв фаворит се истакнуваше Манчестер Јунајтед, но при овој трансфер веројатно најголем проблем беше неговото минато со Ливерпул кој е најголем ривал на Јунајтед.

Таа прилика ја искористи Арсенал и според последните информации ќе го доведе Кутињо на позајмица со право на откуп.

Трансфер периодот во Англија завршува во четврток во 18:00 часот па дали овој трансфер ќе се реализира останува да видиме и ќе дознаеме веројатно за брзо време.