Леклер беше најбрз на квалификациите, Хамилтон ќе тргне втор во Азербејџан

Во првиот стартен ред ќе биде актуелниот светски шампион Луис Хамилтон во Мерцедес, додека од првата позиција ќе стартува Шарл Леклер од Ферари.

По нив следи Макс Ферстапен од Ред Бул, па Пјер Гасли од Алфа Таури и од петто место уште еден возач на Ферари, а тоа е Карлос Саинц.

Леклер ја освои втората пол-позиција по ред откако претходно беше најбрз и во Монако, но поради проблеми со болидот кои механичарите не ги решија, тој не ја почна трката.

Квалификациите во Баку беа прекинати дури четири пати поради големиот број на судири на возачите.

Трката за Големата награда на Азербејџан се води в недела од 14 часот.