Леклер би сакал да соработува со Хамилтон во Ферари


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Возачот на Ферари, Шарл Леклер кажа дека научил многу работи од тимскиот колега Себастијан Фетел годинава, но и дека нема ништо против ако во италијанскиот тим му се приклучи Луис Хамилтон.

Меѓу Леклер и Фетел имаше многу „искри“ годинава, а кулминацијата беше при нивниот судир на Големата награда во Бразил, по кој се откажаа двајцата од трката.

Во претходните неколку денови Хамилтон се поврзува со Ферари, чија управа не ја крие желбата да го донесе во нивни редови и покрај тоа што Британецот тврди дека неговата иднина е во Мерцедес.

„Секако, во Ф1 сакаме да се бориме со најдобрите. Имав голема можност да соработувам со Фетел и многу работи добив од него. Секогаш може да научите нешто од таков шампион, па би сакал да соработувам и со Хамилтон“, порача Леклер.