Линдзи Вон ги провоцираше сите со проѕирен фустан – ѕирнаа нејзините облини (ФОТО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


На промоцијата на нејзиниот филм, кој е на некој начин круна на богатата кариера на скијачката, Линдзи Вон се појави во атрактивно издание, односно во проѕирен фустан, преку кој можеа да се забележат облините на спортистката.

Вон често знае да го украде вниманието на јавноста, а не се срами да се разголи и повеќе од што треба само за да биде во центар на внимание и да ги мами погледите од присутните.

Оваа 34-годишна скијачка во текот на богатата и успешна кариера оствари дури 82 победи во Светскиот Куп, па така стана најуспешна скијачка на сите времиња, а ѝ недостигаа само четири победи за да го достигне рекордот на легендарниот Швеѓанец, Ингемар Стенмарк.

Фотографии од промоцијата се појавија на Твитер, а фановите испратија еден куп позитивни коментари на нејзиниот изглед.