Лионел Меси два часа не излезе од Енфилд


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лионел Меси синоќа беше невидлив на Енфилд.

Тој и Барселона доживеаа дебакл и изгубија од страна на Ливерпул со резултат од 4:0 и нема повторно да играат во финалето на Лигата на Шампионите.

Аргентинецот беше потполно задржан. Тој од теренот си замина во неверување, а во соблекувалната остана премногу долго.

Дури после два часа после натпреварот, Меси ги напушти просториите на стадионот Енфилд.

Сеуште не е познато зошто останал толку долго во соблекувалната, а една од причините кои би можеле да бидат е дека тој бил тестиран за допинг.