Ливерпул стави на трансфер листа еден од играчите за кои притискаше Јирген Клоп


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот стратег на Ливерпул, Јирген Клоп ретко погреши со трансферите на играчите кои ги донесе на „Енфилд“ во неговиот период како тренер на клубот.

Сепак, еден од играчите кои не се снајде баш најдобро, а беше платен доста пари е Наби Кеита.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Ливерпул би можел да го продаде Кеита ова лето и да се ослободи од неговите високи примања.

Наводно, за играчот од средината на теренот интерес имало од Милан кој сака да го види Кеита  во своите редови.