Лоша ноќ за Јокиќ и Дончиќ (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Чикаго булс синоќа славеше против Денвер нагетс со 117-96 и така се врати во трката за плејоф, а пораз запиша и Далас маверикс со 106-113 од Њу Орлеанс пеликанс.

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ постигна 18 поени, 12 скокови и осум асистенции, но тоа не му беше доволно на Денвер, додека на спротивната страна најефикасен беше Вучевиќ со 25 поени, 15 скокови и три асистенции.

Лука Дончиќ имаше скромен настап против Њу Орлеанс и постигна само 15 поени, осум асистенции и три скокови, додека Кајри Ирвинг запиша 27 поени.