Лоши вести за Реал Мадрид – им се повреди новото засилување (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот репрезентативец Ендрик ги загрижи сите во Реал Мадрид откако се повреди на мечот меѓу Палмеирас и Индепендиенте во Копа Либертадорес.

Ендрик беше заменет по еден час игра, а засега не е познато за каква повреда станува збор и тоа треба да се утврди во текот на денот.

Бразилецот претходно потпиша договор со „кралевите“ и се очекува следното лето да се пресели во Мадрид.

Ендрик неодамна дебитираше и за репрезнтацијата на Бразил на „Вембли“.