Ловрен ги нападна сонародниците: Имате ли мозок? Срам да ви е! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Ливерпул, Дејан Ловрен остро ги критикуваше луѓето кои не ја почитуваат препораката за изолација и времето го поминуваат на улица.

Хрватот ја напушти Англија и се врати во татковината поради коронавирусот.

„Немој да бидете себични. Дали ги разбирате проблемите и жртвата која ја даваат медицинските работници? Луѓе, што ви е? Ако за преглед во Хрватска се чека со месеци, јасно ви е дека не сме подготвени за ваков вирус. Срам да ви е на сите кои ги прекршувате мерките и препораките. Немате човечност. Немате ништо. Додека други се борат за вас, вие само седите и пиете кафе. Срам да ви е“, напиша Ловрен.