Ловрен го откри генијалниот говор на Клоп пред мечот против Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Ливерпул направија сензција, откако во реваншот од полуфиналето во Лигата на шампиони на „Енфилд“ славеа против Барселона со 4-0 и така надокнадија негатива од три гола од првиот меч.

Еден од најзаслужните за историскиот успех на Ливерпул е тренерот Јирген Клоп. Иако не можеше да смета на Роберто Фирмино и Мохамед Салах, сепак тој подготви врвна претстава во фудбалскиот храм.

Стоперот на Ливерпул, Дејан Ловрен откри што им кажал Клоп во соблекувалната пред излегувањето на теренот.

„Пред мечот Клоп имаше неверојатен говор. Тоа беше нешто неверојатно. Тој ни кажа: Верувајте! Ставете го тоа во својот ум дека можеме да го направиме. Еден или два гола, дури и ако не успееме во првите 15-20 минути, верувајте во 65-66-67 минута дека може да постигнеме гол, а потоа ‘Енфилд’ е со нас“, открива Ловрен.