Ловрен призна: Намерно го удри Рамос по глава!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Хрватскиот дефанзивец Дејан Ловрен призна дека во натпреварот меѓу неговата репрезентација и Шпанија намерно го удри Серхио Рамос со лакт во глава.

Хрватот кажа дека така сакал да се одмази за потегот на Рамос во финалето од Лигата на шампиони, кога го повреди Мохамед Салах.

„Модриќ пред натпреварот ми кажа да се смирам, но јас морав да му се одмаздам на Рамос. Намерно го удрив и му кажав дека сега се расчистени сметките. Го почитувам Рамос како фудбалер и тоа што го прави за својата екипа“, вели Ловрен.

Ловрен си замина од Ливерпул и се пресели во екипата на Зенит од Санкт Петербург, но остана во одлични односи со Мохамед Салах.