Луд натпревар во Египет: Данска по пенал-рулет во полуфинале!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Данска се пласираше во полуфинале на Светското првенство (СП) во Египет, откако го совлада домаќинот по изведување на пенали.

Данците одиграа добро прво полувреме, во кое имаа предност од три голови, но Египет се врати во мечот во вториот дел и израмни на 28-28.

Данска подобро ги отвори продолженијата и после првите пет минути имаше два гола предност. Египет во вторите пет минути успеа да ја анулира предноста па во последните секудни израмни на 34:34.

Ни после дополнителните десет минути немаше победник, па победникот се реши на пенали, каде херој за Данците беше голманот Ландин, кој одбрани два пенали.