Лудница до последната минута од преодниот рок – Марио сакаше во Интер преку Кина, Џиангсу форсираше, но Спортинг кажа НЕ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Летниот преоден рок во Кина заврши во 18:00 часот, Португалецот полуде поради одлуката на лисабонскиот клуб.

Мисијата не успеа – Жоао Марио нема ова лето да се пресели во Интер преку Џиангсу. Но, директните преговори со Спортинг продолжуваат.

Лудница до самиот финиш на летниот преоден рок во Кина, но договор немаше. Жоао Марио сакаше во Интер преку Кина, се спремаше и за медицински прегледи, но неговиот Спортинг кажа НЕ.

Помалку неочекуван расплет на ситуацијата која го изненади сите, но во Спортинг чекаат побогата понуда. Марио беше спремен да се согласи на сите услови за да го договори трансферот. И се до 17:20 се чинеше дека ќе има договор. Само пола час пред затворањето на преодниот рок од Лисабон стигна негативен одговор кој ги расипа плановите на Сунинг групата. Тоа го налутило многу Марио кој се спремаше за нов чекор во кариерата.

Меѓутоа тоа што Џиангсу не го заврши трансферот не значи дека преговорите се завршени. Интер ќе ја продолжи потерата за еден од најдобрите фудбалери на репрезентацијата на Португалија на неодамна завршеното ЕП. Но, со други планови. Интер има одредени проблеми со финансискиот ферплеј и тоа значи дека нема да може да ги плати 40 милиони евра.

Она што на нероазурите му остана е да успеат да го доведат на позајмица и да го почекаат зимскиот преоден рок и потоа повторно да се обидат преку Сунинг групата.