Лукаку е херој: Не постои фудбалер кој би одбил ваква понуда!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Синот на Роман Абрамович е во Милано каде што се обидува да го убеди Интер да го пушти Ромелу Лукаку во Челси, кој нема да штеди пари за белгискиот напаѓач.

Интер се наоѓа во финансиски проблеми, па сигурно би прифатил некоја примамлива понуда, но Лукаку не сака да потпише за Челси, а не сака да се врати ниту во Англија.

Интересно е тоа што Лукаку одби и поголема плата. Челси му понуди 15 милиони евра плус бонуси, а тоа е двојно повеќе отколку што добива во Интер.

Договорот би бил на четири години, па доколку остане во Интер, тогаш Лукаку ќе загуби околу 30 милиони евра.

Но, тој едноставно реши да остане и единствен начин да го напушти Интер е јавно да се согласи на понудата и тоа да му го соопшти. Сепак, такво нешто тимот нема да направи за да не предизвика гневни реакции од навивачите.