Лукаку не може да издржи во карантин: Заклучен сум, ќе полудам…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во Италија има голем број жртви од новиот вирус. Пандемијата жестоко удри по Италијанците, а сите се надеваат дека ситуацијата ќе се подобри.

На граѓаните им се препорачува да останат во домовите, а напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку признава дека тоа тешко му паѓа.

„Заклучен сум. Не можам да одам надвор, во маркет. Еден ден речиси ќе полудев“, кажа Лукаку.

Лукаку вели дека му недостига цело семејство и постојано размислува на нив, но не може да ги посети поради вонредната ситуација.