Мајами преку Селтикс до финалето во НБА, Адебајо повторно беше незапирлив


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Мајами Хит се најде во финалето на НБА-лигата по шест години откако по шестиот натпревар од финалето на истокот со 4-2 во серија го совладаа Бостон Селтикс со 125-113.

Хит водеа во поголемиот дел од натпреварот, но Селтикси успеаја да се вратат на почетокот од четвртата четвртина, и во еден момент да одат на +6 (90:96).

Сепак, во клучните моменти, тимот од Флорида успеа да направи одлична серија и да надополни -6 за +14 (116:102). Со таа серија, сè беше готово за конечни 125:113.

Одличниот Бам Адебајо одигра уште еден врвен натпревар со 32 поени, додавајќи 14 скока и пет асистенции. Кај Селтикс, Браун постигна 26 поени, додека Татум додаде 24.

Хит ќе игра против ЛА Лејкерс во големото финале, првиот натпревар закажан е среда кон четврток.