Македонија ѝ одржа лекција на Бугарија, а Десподов вели: Требаше да ги победиме!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кирил Десподов беше стрелец за Бугарија во мечот против Македонија во првиот меч од Лигата на нации, а по дуелот даде изјава која е малку чудна.

Македонија ѝ одржа лекција на Бугарија, иако не победи, но Десподов вели дека имале шанси да нè победат во Разград.

„Требаше да победиме. Не знам дали имаше пенал, но имаше игра со рака. Израмнето реми, кое нè разочара. Сите дадовме сè од себе. За Бугарија мора да се игра со срце, без оглед на тоа кој од каде доаѓа“, вели Десподов.