Македонија е во финале на Сребрената лига: По голема драма ја урна Хрватска!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонските одбојкари се изборија за финале во Сребрената лига откако во полуфиналето беа подобри со 3-2 во сетови против Хрватска.

Одбојкарите тргнаа лошо и го загубија првиот сет со 15-25, по што се вратија во игра и израмнија на 1-1 (25-19).

Хрватска се обиде да го врати водството, но Македонија прави пресврт со 25-22 (2-1 во сетови), но „коцкестите“ израмнија на 2-2 во сетови со освојување на четвртиот сет (25-21).

Македонија во последниот сет беше добра во завршницата и го доби сетот со 15-12 и така стигна до 3-2 во сетови.

Во финалето ги очекува дуел против подобриот од натпреварот помеѓу Унгарија и Данска.

ФОТО: Одбојкарска репрезентација на Македонија