Македонија ги доби противниците во групата од Лигата на Нациите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентацијата на Македонија ги доби противниците за следниот циклус од Лигата на нациите.

Нашата репрезентација се најде во Лигата Ц, во група 2 заедно со противници кои се по мерка.

Од првиот шешир ја добивме репрезентацијата на Грузија, од третиот шешир ни се падна Естонија, додека од четвртиот шешир претходниот противник од Лигата на нациите, Ерменија.

Нашата репрезентација е во исчекување на плеј оф натпреварот против Косово до кој стигнавме со освојување на првата позиција на табелата во Лига Д, по што и напредувавме во Лигата Ц.