Македонија го среди Израел и дојде до историското трето место во групата (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентацијата на Македонија славеше минимална победа од 1:0 против Израел. Стрелец на единствениот погодок беше Бобан Николов со гол во финишот на првото полувреме.

Со оваа победа, но и со поразот на Словенија во Полска од 3:2, нашата репрезентација стигна до третата позиција на табелата во групата.

Македонија имаше целосна доминација кога во прашање беа шансите на натпреварот и вистинско чудо е како мрежата на Израел остана затресена само еднаш.

Ова е одлична победа која дополнително ќе ја крене самодовербата пред полуфиналниот натпревар од Лигата на нациите против Косово.