Македонија ја чека својата шанса: Уште една земја има многу позитивни на ковид-19!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонската ракометна репрезентација ја чека својата шанса и повик да настапи на Светското првенство во Египет, откако неколку селекции пријавија голем број на позитивни случаи на ковид-19.

Вирусот се појави во редовите на Шведска, Чешка, САД, а сега и во Зеленортските острови. Оваа африканска земја пријави дури седум позитивни случаи.

На брзите тестови се појавиле 15 позитивни случаи, но при повторениот тест биле потврдени седум позитивни случаи на вирусот, па сега ова е надеж за Македонија да влезе наместо некоја од овие селекции.