Македонија ја надигра Грција во Скопје


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската ракометна репрезентација славеше со 33-30 против Грција во првиот пријателски меч во пресрет на Европското првенство (ЕП) во Германија.

Грција ја одржуваше предноста од два разлика во воведниот дел од натпреварот, а избраниците на Кире Лазаров се разиграа во продолжение од средбата и на паузата заминаа со 18-15.

Македонија ја презема контролата во вториот дел, кога го декласира противникот, а во еден момент водеше и со седум голови разлика (26-19).

Најефикасен во победничкиот тим беше Лазаревски со осум постигнати голови, додека Никола Митревски запиша 10 интервенции.

Македонија и Грција утре ќе го играат вториот пријателски натпревар.