Македонија на чекор до ЕП – освои важни два бода во Швајцарија!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонската ракометна репрезентација славеше на тешкото гостување кај Швајцарија во второто коло од квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2022 година.

Нашите ракометари освоија важни два бода на гостувањето кај Швајцарија (25-23), противник со кој најверојатно ќе се бориме за второто место во групата и пласман на големото натпреварување.

Швајцарија и Македонија одиграа израмнето прво полувреме (10-10), по што мечот го решија нашите ракометари во нивна корист во последните 15 минути од натпреварот.

Најдобар во редовите на македонската репрезентација беше Кирил Лазаров со шест голови, додека кај Швајцарија најмногу се покажа Шмид со седум голови.