Македонија загуби од Норвешка на стартот на СП


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ракометарите на Македонија со убедлив пораз од 27-39 од Норвешка го почнаа Светското првенство (СП).

Македонија издржа само 20 минути против Норвешка и последен пат израмнето беше во 19. минута (9-9), по што Норвешка ги презема работите во свои раце.

Норвешка притисна во последните 10 минути од првото полувреме и ни даде уште девет гола, по што негативата стануваше недостижна за избраниците на Кире Лазаров.

Иако имаше неколку промени, сепак немаше враќање во игра и Македонија загуби со 27-39, а најефикасен беше Талески со седум голови.