Македонија загуби од Тунис во „Президент Купот“


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Македонските ракометари повторно доживеаа пораз на Светското првенство (СП), кој беше прв на „Президент Купот“, откако Тунис беше подобар со 33-28.

Тунис играше цврст од самиот почеток и го отвори мечот со серија од 5-0, по што Македонија до полувреме намали на два гола негатива (14-16).

Македонија направи пресврт во вториот дел и водеше со 21-20, по што почна кризата во нападот, додека на високо ниво не беше ниту одбраната, па Тунис стигна до триумф од 33-28.