Македонски каратист освои бронза на СП во Буенос Аирес

Македонскиот каратист Дејан Недев го освои бронзениот медал во дисциплината „кати“ на Светското првенство во Буенос Аирес.

Недев во конкуренција на 57 каратисти стигна до подиумот, а можел да стигне и до поголем успех, но од МТКФ соопштија дека судиите влијаеле врз македонскиот каратист.

„Недев беше блиску и до освојување и на златниот медал, но за жал во полуфиналето беше оштетен од судиите, со оглед што неговиот противник од Бразил при изведбата на катата изгуби баланс, но и покрај таквата грешка судиите се одлучија да му ја доделат победата на Хозе Вивас Сантос“, соопштија од МТКФ.