Мануел Нојер изградил луксузна вила: Гаража за осум автомобили и поглед што го одзема здивот (Фото)

Легендарниот германски голман Мануел Нојер изградил луксузна вила за десет милиони евра.

„El Español“ открива дека вилата се наоѓа во Тегернзе, ексклузивна локација 60 километри јужно од Минхен. Околината е опкружена со планини и зеленило, со поглед кон истоименото езеро. Се работи за област каде што цените на недвижностите се движат над 20 илјади евра по квадратен метар.

Вилата е изградена во периодот од 2015 до 2016 година, а чинеше околу десет милиони евра.

Станува збор за инвестиција што Нојер ја оправдал со иновативен дизајн, а голем дел од трошоците биле насочени кон стабилизација на теренот поради опасност од свлечишта, како и на панорамската стаклена фасада која обезбедува обилно природно светло во внатрешноста.

Фотографијата од вилата можете да ја видите овде.