„Ме чуди што Хрватска испадна, беше еден од фаворитите“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентацијата на Хрватска својот настап на ЕП го заврши во осмина финалето со пораз од Португалија (1:0).

Иако „Ватрените“ во Франција се прикажаа во одлично светло, но на крајот се елиминирани предвреме, а тоа ги изненади многумина, па и Швајнштајгер.

„Ме чуди што Хрватска испадна од Португалија. Малку екипи играа на така високо ниво, па затоа сум изненаден. Хрватска беше еден од фаворитите на ова првенство“, рече капитенот на Германија.

Германија во осмина финалето помина многу подобро од Хрватска. Шампионот на светот без проблеми ја совладаа Словачка со 3:0 и ќе ги одмерат силите со Италија.