Мерцедес ќе му се одмазди на Хамилтон ако реши да се повлече од Ф1


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Луис Хамилтон сè уште не ја кажа конечната одлука за неговата иднина во Формула 1, односно дали ќе остане во шампионатот или ќе оди во пензија.

Ф1 најави дека конечниот извештај од контроверзната трка во Дубаи ќе го објави на 18 март, два дена пред првата трка во новата сезона, а Хамилтон не е задоволен со случувањата и одлуките на директорот Мајкл Маси.

Хамилтон со Мерцедес има договор за 2022 година, но не се исклучува можност да не го гледаме повеќе во најбрзиот „циркус“ во светот, а наводно во договорот нема клаузула според која може да се збогува на крајот на сезоната поради што германскиот тим може да го тужи.

Тото Волф ја најави можноста Хамилтон да се збогува, а тоа ќе биде лошо за „сребрените стрели“, кои ќе мора да најдат замена за него.