Мерцедес се жали и сака да му ја земе титулата на Ферстапен!

Мерцедес не ја прифаќа одлуката дека нивниот возач Луис Хамилтон беше поразен во последниот круг од Макс Ферстапен од Ред Бул, па поради тоа поднесоа две жалби до ФИА:

Организаторите на последната трка во 2021 година донесоа неколку контроверзни одлуки, па по бурните протести на претставниците на Ред  Бул, сега се јави и Мерцедес, кој очекува пресврт и титула за Хамилтон.

„Мерцедес протестира против конечниот пласман поради кршење на правилата по членовите 48.8 и 48.12 на ФИА“, соопштија од Ф1.

Првата спорна ситуација беше одлуката да не се направи истрага поради блискиот контакт за кандидатите за тронот, а втората се однесува на преминувањето.

Организаторите го забранија тоа во момент на водство на Хамилтон на два круга пред крајот, по што дозволија такво нешто и така Ферстапен го премина седумкратниот шампион.