Меси има два од најдобрите три гола во групната фаза на ЛШ (Видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ѕвездата на ПСЖ, Лионел Меси оваа сезона игра како во најдобрите денови и доказ за тоа е видеото на Европската куќа на фудбалот (УЕФА) за најдобрите голови во групната фаза од Лигата на шампиони (ЛШ).

Првото место во изборот на навивачите му припадна на Меси, кој погоди во Лисабон против Бенфика, додека на втората позиција следи Ерлинг Халанд кој ја затресе мрежата на неговиот поранешен тим Борусија Дортмунд.

Третата позиција повторно му припаѓа на Меис, кој даде гола против Макаби Тел Авив.

Меси оваа сезона на 18 настапи запиша 14 асистенции и постигна 12 голови за ПСЖ.