Меси се врати по долга пауза со - два гола и асистенција (Видео)

Лионел Меси се врати по повредата во финалето на Копа Америка и настапи за Интер Мајами, а веднаш блесна со два гола и асистенција.

Интер Мајами прими гол уште во втората минута од средбата, но потоа Меси со два гола за неколку минути направи пресврт.

Голот за конечни 3-1 беше дело на Луис Суарез по асистенција на Аргентинецот.