Металург не се шегува, ангажираше легендарен хрватски репрезентативец


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Иако никој не очекуваше, скопски Металург има феноменален трансфер пазар, па денеска го ангажира и можеби најзвучното име за следната сезона.

Нов ракометар на клубот од Автокоманда е искусниот хрватски репрезентативец и долгогодишен капитен на Загреб, Златко Хорват.

Хорват откако одби да ја продолжи соработката со Загреб се реши да потпише договор со скопскиот тим кој пак чекаше разврска за трансферот на Гоце Георгиевски кој на крај се реши за премин во Вардар.

Хорват е петтото засилување за Металург кој претходно ги ангажираше бразилскиот репрезентативец  Енрике Тешеира, српскиот познат ракометар, Момир Рниќ, Никола Потиќ и Бранко Канкараш.

Дефинитивно Металург нема да биде „топовско месо“ за се уште фаворизираните Вардар и Еурофарм Пелистер за следната сезона.