Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот фудбалер во турското првенство минатата сезона сака да ја продолжи кариерата на Сан Сиро.
Турскиот Фанатик соопшти дека Милан е заинтересиран за Хосе Соса, фудбалерот на Бешикташ кој има договор со турскиот клуб до 2018-та година.
„Колку што знам понуда стигна. Ваква шанса има еднаш во кариерата. Искрено, не сакам да ја пропуштам шансата да заиграм за Милан“, изјави Соса.
Овој 31-годишен фудбалер зад себе има искуство во Италија, на почетокот на деценијата беше член на Наполи.
Соса е дете на Естудијантес, првите пет сезони во сениорска конкуренција ги одигра за матичниот клуб, а потоа замина во Баерн Минхен каде беше три сезони.
Во Бешикташ стигна во 2014-та година од Металист, кратко беше на позајмица во Атлетико.