Милан ќе добие искусно засилување од Бундеслигата?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Марио Геце на крајот на сезоната го напушта тимот на Борусија Дортмунд како слободен фудбалер, а би можел да добие шанса во Серија А, но мора да се откаже од дел од заработката.

По периодот кој го мина во Баерн Минхен, од 2013 до 2016 година, Геце се врати во Дортмунд. Во првата сезона не играше премногу, а потоа запиша подобри настапи до 2019 година.

За Геце се заинтересирани неколку италијански клубови, меѓу кои Лацио и Рима, а сега и Миланс е вклучи во конкуренцијата.

Екипата на Милан треба да ја преземе Ралф Рагник наредната сезона, па тоа е мотив повеќе за Геце да соработува со сонародникот во Милано.