Милан во тешка состојба: Бобан и Малдини беа одбиени од пет тренери за 48 часа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан во моментов е во катастрофална состојба. Новиот тренер Марко Џампаоло се наоѓа пред отказ, откако го запиша и четвртиот пораз по шест одиграни кола во Серија А.

„Росонерите“ во последниот меч загубија на домашен терен од Фиорентина со 1-3, а тоа ги натера Паоло Малдини и Звонимир Бобан да бараат нов стратег.

Италијанските медиуми пишуваат дека управата контактирала дури пет тренери, но сите ги одбиле понудите во рок од 48 часа.

Андриј Шевченко, Масимилијано Алегри, Џенаро Гатузо, Клаудио Раниери и Лусијано Спалети се заблагодариле на понудите, па одбиле да го преземат поранешниот италијански гигант.