Милер ги шокира сите во Минхен: Љубовта не постои кога станува збор за пари!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Томас Милер е легенда на Баерн Минхен, а неговата плата во моментов е 20,5 милиони евра и искусниот напаѓач нема намера да прифати помала за да потпише нов договор.

Милер има договор со баварскиот гигант до идното лето, а преговорите за соработката сè уште не се почнати.

„Милер не сака да прифати помала плата, ако воопшто сака и да остане во Минхен. Одлуката не е лесна, но Милер во секој случај ќе игра до 2025 година“, објави германски „Билд“.

Баерн очигледно не е подготвен да даде многу пари за нов договор со Милер, па на крајот на сезоната би можеле да се разделат.

Германскиот гигант е во преговори за продолжување на соработката со Мануел Ноер, кој има договор до крајот на сезоната.