Минамино откри дека поранешен играч на Манчестер Јунајтед го советувал да потпише за Ливерпул

Фудбалерот на Ливерпул, Такуми Минамино откри дека поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Шинџи Кагава го поддржал за да направи трансфер во Ливерпул.

Играчот од средниот ред призна дека имал и други понуди пред да направи трансфер во Ливерпул.

Минамино откри дека трансферот во Ливерпул го реализирал најмногу благодарение на советот од Шинџи Кагава.

„Зборував со Кагава и го прашав што мисли кога се уште размислував. Се уште размислував затоа што имав и други опции, кој клуб не можам да ви кажам. Кагава ми кажа дека Клоп е менаџер кој има добро разбирање со фудбалерите. Сакав да ги слушам зборовите на Кагава кој имаше работено со Клоп“ –изјави Минамино.