Митревски повторно ја има најдобрата одбрана во ЛШ! ?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот голман Никола Митревски брани феноменално на голот на Порто, а тоа го докажува и фактот што веќе втора недела е на врвот на листата за најдобри одбрани на ЕХФ Лигата на шампиони.

Митревски во Скопје запиша 11 одбрани против Вардар (25-25), од кои имаше и навистина неверојатни интервенции, па така ја доби наградата.

Голманот имаше одлична двојна интервенција, која го одбележа вчерашниот ден, а токму таа е избрана и за најдобра одбрана на колото во елитното ракометно натпреварување.

Одбраните може да се погледнат ТУКА.