„Модриќ е најдобар фудбалер кој сум го тренирал, никој не го разбира фудбалот како него“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Грчкиот селектор Густаво Поје, кој му беше тренер на Лука Модриќ во Тотенхем, кажа дека 36-годишниот Хрват е најдобар играч кој го тренирал во кариерата затоа што го разбира фудбалот.

Поје работеше како помошник тренер во Тотенхем од 2007 до 2008 година.

„Кога би морал да бирам најдобар фудбалер кој сум го тренирал, тоа без сомнеж е Модриќ. Тој го разбира фудбалот, тој е најкомлетен фудбалер. Пред една година мислев дека му дошол крајот, но сега гледам дека е далеку од такво нешто“, кажа тој.

Модриќ во 2012 година се пресели од Тотенхем во Реал Мадрид со кој има договор до 2023 година, а притоа со шпанскиот гигант освои 20 трофеи од кои пет во Лигата на шампиони (ЛШ).