Можеби Иниеста и Бускетс ќе згрешат, па ќе ми додадат


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во репрезентацијата на Хрватска владее одлична атмосфера пред утрешниот натпревар од третото коло на Европското првенство.

Пред натпреварот на конференцијата за медиуми на новинарите им се обрати Иван Ракитиќ кој најдобро ги познава неговите соиграчи од Барселона, Серхио Бускетс и Андрес Иниеста.

“Кој знае, можеби Иниеста и Бускетс ќе згрешат па ќе ми додат некоја топка или пак уште подобро, Иниеста да ме исфрли и да влезам во шанса за гол”- се пошегува Ракитиќ.

“Се слушнав со Бртра. Шпанците се свесни дека и со реми ќе завршат на првото место, па не мораат да напаѓаат со сите сили”- откри играчот на Барселона.