Мурињо плачеше како мало дете по пласманот во финале во Лига Европа (Видео)

Рома ќе се бори против Севилја за трофејот во Лига Европа, откако вчера го елиминираше Баер Леверкузен.

Леверкузен доминираше во натпреварот и имаше дури 20 обиди кон голот на Рома, која пак се закани само еднаш.

Тренерот на Римјаните, Жозе Мурињо беше емотивен по пласманот во финалето и се расплака како мало дете.

Мурињо минатата година ја освои Конференциската лига со Рома, а сега е во трка по уште еден престижен трофеј.