Мурињо се најави во Рим – почнува нова ера на Португалецот во Серија А


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалскиот тренер Жозе Мурињо доби отказ од Тотенхем, по што не чекаше премногу долго за нов ангажман и се договори со Рома.

„Специјалниот“ стигна во Рим, а пред влегувањето во италијанскиот град, тој испрати порака до сите навивачи на неговиот нов клуб.

„Ги пакувам куферите и се гледаме наскоро“, кажа Мурињо.

Мурињо се враќа во Италија, каде што од 2008 до 2010 година го предводеше Интер и оставари феноменални резултати.

Мурињо со „нераѕурите“ ги освои сите трофеи, а клубот го напушти по освојувањето на тројната круна во 2010 година.

Рома на титула во Серија А чека 20 години, а во историјата Римјаните освоија само три.