На Пандев му беа потребни само 25 минути – даде гол и асистенција!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот напаѓач Горан Пандев има одличен старт за екипата на Парма во Серија Б, откако на неговиот втор настап запиша асистенција, но и првиот гол за тимот кој славеше со 4-1 против Порденоне.

Порденоне со голот на Ди Серио го отвори мечот (1-0), но Пандев во 55. минута израмни на 1-1, а потоа му асистираше на Ман за 2-1, додека уште еден гол за домаќините постигна Васкез во 69. минута.

Пандев  потоа мораше да го напушти натпреварот поради повреда, а Бенедичак стрелаше во финишот од мечот за да го потврди триумфот на Парма од 4-1.

Парма има 28 бодови на 11. место во Серија Б, а ова беше нивни прв триумф по три натпревари без победа.