Надал го освои Ролан Гарос, а сега не може да оди без патерици (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го освои неговиот омилен турнир Ролан Гарос, откако во финалето славеше против Каспер Руд со 3-0 во сетови.

Надал често се жалеше на повреда на стапалото, а кажа дека пред секој натпревар морал да прима голем број инјекции за да го издржи напорот.

Шпанецот замина во Мајорка за да одмори по напорните настапи, а на социјалните мрежи беше објавена снимка на која може да се забележи дека Надал не може да се движи без патерици.

Надал претходно кажа дека сака да заигра на Вимблдон, меѓутоа последната снимка ги загрижи фановите за неговото здравје.