Надал стана „кралот на шегата“ пред почетокот на Ролан Гарос (Видео)

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се надева дека ќе го освои Ролан Гарос, но тоа нема да биде лесно бидејќи во последниот период беше болен, па повреден, а во одличен ритам играат Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз.

Надал, и покрај тоа, беше расположен пред почетокот на турнирот, па имаше прес-конференција за медиумите на која зборуваше за неговите шанси на турнирот.

Новинарот го праша Надал дали во Париз е за 30 отсто подобар тенисер во однос на останатите турнири, а петтиот играч во светот се пошегува.

„За 30 отсто подобар тука отколку на другите места или за 30 отсто подобар од останатите тенисери?“, праша Надал и почна да се смее.