Најзгодната спортистка со своите атрибути го украде вниманието на љубителите на голфот 📸

Американската голферка Пејџ Спиранац е една од најзгодните спортистки во светот. Таа е популарна на социјалните мрежи, каде што има повеќе од три милиони фанови, а често објавува провокативни слики.

Многумина сметаат дека Американката нема конкуренција во светот на спортот и ја сметаат за најзгодна, а таа често ги чести со „жешки“ слики на Инстаграм.

Овој пат Спиранац објави видео во виртуелната игра „Икс-голф“. Американката го претстави тоа како нов начин за забава за љубителите на голфот, меѓутоа најмногу внимание привлече со нејзиниот изглед.