Навивачите на Интер го навредуваа Балотели, а тој им одговори на безобразен начин! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бреша загуби синоќа на домашен терен против Интер со 1-2 во мечот од десеттото коло, а резултатот можеше да биде поинаков, доколку Марио Балотели искористеше одлична шанса во 73. минута од средбата.

Интер во одличен меч успеа да стигне до трите бода, иако Бреша имаше неколку одлични шанси, меѓу кои и таа на Балотели, но на крајот не успеаа да освојат ниту бод.

Во центар на внимание по мечот беше напаѓачот на Бреша, Балотели, кој играше во минатото и за Интер, но се скара со навивачите кога се потпиша за градскиот ривал Милан.

Тоа не му го заборавија навивачите, зашто синоќа го навредуваа, но Балотели не остана должен, па им одговори со среден прст.