Навивачите на Интер со транспарент јасно кажаа што мислат за Лукаку 📸


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Постојат шпекулации дека Ромелу Лукаку наскоро ќе си замине од Интер, а како негова следна дестинација се споменува Челси, каде што играше во минатото.

Навивачите на Интер поставија транспарент пред просториите на клубот и испратија порака до раководството на тимот.

„Компанијо, внимание, ветувањата мора да се почитуваат“, пишуваше на транспарентот.

Медиумите пишуваат дека Челси за услугите на Лукаку нуди 130 милиони евра, а Белгиецот треба да добие годишна плата од 12 милиони евра плус бонуси.

Лукаку го носеше дресот на лондонскиот тим во период од 2011 до 2014 година, а речиси и да не доби шанса за настап.